Водно денес моли, „не уништувај ме, оти утре тебе ќе те боли“

„Времето минува, специјален закон за Водно не се ни разгледува“ е рекацијата на иницијативата „Го сакам Водно“ на социјалните мрежи, откако дознаваат, како што велат, дека се случува „мистично купување на земјиште на планината“.

Имено, активистите откриваат дека во моментот тече процедура за измена на дел од правните акти со кои ќе се намалат заштитините граници и ќе се овозможи да се гради на планината, каде што до сега не смеело, односно не можело да се гради.

-Во меѓувреме никнуваат вили во селски атари и на земјиште кое мистично станува приватна сопственост во шумите на Водно. А богами и ЈП Пасишта се ангажирале да наоѓаат одгледувачи на пчели , па дека голем недостиг на мед , 5000 квадрати ги даваат на 10-годишно користење во делови каде границата на заштита ќе се менува. Дека ЈП Пасишта знаат дека со овци си имаат работа… Ете, толку можел законот за природата да (не)заштити. Град Скопје, ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, ова е во ваша ингеренција или повторно не се знае кој има надлежности?- пишуваат од „Го сакам Водно“.

Нивната објава масовно се споделува од скопјани:
-Наместо сите да се обединиме и да се кренеме против целосната грда намера да ја мачат планината, оставивме така неколкумина јунаци за сите нас да зборуваат и да протестираат, па сега да не се чудиме што и Водно ќе ја направат населба…

-Дали разбирате дека на првиот сериозен зејотрес, па и да не е земјотрес, Водно ќе го „поклопи“ Скопје само и само заради вашите чудесни апетити?! Водно денес моли, „не уништувај ме, оти утре тебе ќе те боли“- се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Локалните власти во повеќе наврати, а особено пред да победат на локалните избори, ветуваа дека Водно нема да се уништи, дека нема да бидат како тогашната власт и оти ќе направат се што е потребно за да си останат на збор. Зошто само зборот остана, додека на дело е спротивното: од надлежните засега молк.

Претходна вестАмериканскиот рапер Кање Вест објави икона на Свети Климент Охридски
Следна вестДо вторник посвежо време со повремени врнежи