Повеќе од илјада летови кон дестинации во Блискиот Исток денеска се откажани поради американско-израелската војна против Иран и одмаздничките напади на Техеран.
Веќе трет ден по ред е затворен најпрометниот меѓународен аеродром во Дубаи.
Според најновите податоци од утрово се откажани 1.239 летови, а „Емиратс Ерлајнс“ со седиште во Дубаи, „Етихад Ервејз“ со седиште во Абу Даби и „Катар Ервејз“ со седиште во Доха, заедно откажаа стотина летови.
„Ер Индија“ вчера откажа летови од Њу Делхи, Мумбај и Амритсар за поголемите градови во Европа и во Северна Америка.
Во саботата, кога почнаа американско-израелските напади врз Иран беа откажани приближно 2.800 летови, а 3.156 беа откажани вчера.
Нема летови во воздушниот простор над Иран, Ирак, Кувајт, Израел, Бахреин, Обединети Арапски Емирати и Катар.





