Заедничка воена вежба на Русија и Кина

Се зголемува воената соработка помеѓу Русија и Кина. Доказ за тоа е и заедничката воена поморска вежба која како што соопштуваат од Руското министерство за одбрана ќе биде оддржана од 21 до 27 декември.

– Заедничките поморски вежби, што се одржуваат секоја година од 2012 година, ќе опфатат ракетен и артилериски оган во Источното Кинеско Море. Главната цел на вежбите е зајакнување на поморската соработка меѓу Русија и Кина и одржување на мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во воената вежба ќе учествуваат четири руски бродови, вклучувајќи го и ракетниот крстосувач Варјаг, шест кинески бродови, како и авиони и хеликоптери од двете страни.

Русија и Кина потпишаа стратешко партнерство „без ограничување“ само неколку дена пред Москва да ја почне најголемата копнена инвазија во Европа од Втората светска војна. Но, Пекинг изрази загриженост поради активностите на Русија во Украина.

Претходна вестВозачите насилници се посилни од полицијата и судовите?
Следна вестЗдружението на историчари бара да се повлече учебникот по Историја за петто одделение, ги наброја покрупните грешки