Загаденоста во Скопје малку попушти, но воздухот и натаму не е чист

Загадување на воздухот и утрово е присутно на скопското подрачје, но во помал степен отколку што беше вчера и во изминативе денови. Скопје утрово околу 9 часот се најде на 20-то место по загаденост во светот, при што измерениот индекс на загадување е 117.

Специјализираната интернет страница Iqair.com која прибира податоци од целиот свет предупредува дека воздухот е „нездрав за чувствителни групи на население“. Најприсутни се штетните ПМ2,5 честички, со концентрација од 42 микрограми на кубен метар воздух.

Советот до граѓаните е да носат маски кога излегуваат надвор, да не прават физички активности надвор од домовите и да си ги држат затворени прозорци во своите живеалишта.

И интернет страницата waqi.info покажува прекумерно загадување и нездрав воздух за дишење. На мерното место во Ѓорче Петров индексот е 150, а што значи дека воздухот е незадрав за дишење. Во Гази Баба индексот  е 121 што е нездраво за одредени групи на населението.

Претходна вест140 казнети возачи во Скопје, седумина возеле без дозвола, четворица поминале на црвено…
Следна вестТри големи проблеми кои Арсовска мора да ги решава годинава