Темен режим Режим на светлина

140 казнети возачи во Скопје, седумина возеле без дозвола, четворица поминале на црвено…

На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 19 санкции.

-Имало и седум мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за користење мобилен телефон при возење…, се наведува во информацијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, укажувата од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Фашистите ѕверски ги мачеле, но Страшо Пинџур и Мирче Ацев никого не предале

Следна објава

Загаденоста во Скопје малку попушти, но воздухот и натаму не е чист