Темен режим Режим на светлина

Зелен хуман град реагира на сечење дрва во кругот на МВР

Зелен хуман град реагира на сечење дрва во кругот на МВР Зелен хуман град реагира на сечење дрва во кругот на МВР

Невладината организација Зелен хуман град реагира на сечењето дрва во дворот на Министерството за внатрешни работи. Како што велат тоа е противзаконски бидејќи сечењето/кастрењето не е извршено со решение издадено од страна на Град Скопје. Според Здружението, станува збор за повеќегодишни и здрави дрвја при чие сечење сериозно е оштетена оградата околу МВР. Дополнително, турната е жица за пренесување електрична енергија близу до земјата, која е оставена така речиси еден ден, што директно ја загрозува безбедноста на граѓаните кои поминуваат таму.


„Скопје, во ситуација на екстремна загаденост и ужасен квалитет на воздухот НЕ СМЕЕ да си дозволи понатамошно уништување на урбаното зеленило во градот. Особено е недозволиво кога тоа уништување се прави на здрави дрвја, без разумна причина и противзаконски од страна на институцијата која е надлежна за спроведување на законите,“ напишаа од Зелен хуман град.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Карпош ќе субвенционира до 5.000 денари за купување велосипеди или трицикли

Карпош ќе субвенционира до 5.000 денари за купување велосипеди или трицикли

Следна објава
„Богат“ полициски викенд билтен – серија инциденти низ Скопје

„Богат“ полициски викенд билтен – серија инциденти низ Скопје