Темен режим Режим на светлина

Земјотрес од 3,3 степени во Скопје и околината

Земјотрес од Косово почувствуван во северозападна Македонија Земјотрес од Косово почувствуван во северозападна Македонија

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала утрово во 7:20 часот е почувстуван во Скопје, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според ЕМСЦ, земјотресот е на длабочина од 5 километри, а епицентарот е на 12 километри од градот Гнилане во Косово, во близина на границата меѓу Косово, Србија и С Македонија.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека утрово во Скопје е почувствуван земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

„Епицентарот на земјотресот потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 42 километри северно од Скопје, со Рихнерова локална магнитуда од 3,3 степени, велат од Опсерваторијата.

На социјалните мрежи, жители на Скопје и околината објавија дека земјотресот ги разбудил откако почувствувале кратко, но силно тресење.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Норвешка светски шампион: Германките паднаа дури во финишот

Следна објава

Тажна вест: Фудбалер од македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден убиен во пукањето во Сиднеј