Земјотрес во Албанија, почуствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала денеска во 11:57 часот е регистриран во близина на албанскиот град Елбасан. Земјотресот бил почуствуван и во Македонија, поточно во Преспа, Охрид и околината.

Земјотресот бил на длабочина од два километри, со епицентар на 23 километри источно од Елбасан.

– Епицентарот на земјотресот бил на 130 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје на Елбасан со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот бил на длабочина од два километри, со епицентар на 23 километри источно од Елбасан и 10 километри југоисточно од градот Либражд.

Претходна вестПоради руско влијание ли Македонците се разочаруваат од ЕУ или…?
Следна вестПовторно дојави за поставени бомби