Повторно дојави за поставени бомби

Нови дојави за поставени бомби се добиени денска во неколку скопски средни училишта. Дојавата е примена во скопската гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“ по што е започната евакуацијата на учениците и на наставниот пресонал. Пораката за поставена бомба е примена непосредно пред почетокот на втората училишна смена во 13.30 часот кога најголем дел од учениците веќе беше по училниците.

МВР соопшти дека закани за поставени бомби и денеска стигнале во 18 основни и средни училишта во Скопје.

-Денеска (09.02.2023) до 13.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 18 основни и средни училишта на подрачјето на Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Ова е трет ден по ред како во скопските училишта стасуваат дојавите за поставени експлозивни направи.

Претходна вестЗемјотрес во Албанија, почуствуван и во Македонија
Следна вестОткриен нов слој на Земјата, стопени карпи кои покриваат половина од нејзината површина