Темен режим Режим на светлина

Жена смртно прегазена на скопската обиколница, возачот избегал

Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Жена-пешак била прегазена во близина на Раштански пат, на автопат-обиколница на град Скопје. Возачот по несреќата избегал.

– На 08.08.2023 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат-обиколница на град Скопје, во близина на надвозник за Раштански пат, патничко возило удрило во пешакот Р.И.(80) од Скопје и го напуштило местото. Од здобиените повреди на местото на несреќата Р.И. починала, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, соопшти полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Израел се закани дека „Либан ќе го врати во камената ера“ при нова војна со Хезболах

Следна објава

Во бродолом загинаа 41 мигрант