Темен режим Режим на светлина

Израел се закани дека „Либан ќе го врати во камената ера“ при нова војна со Хезболах

Израел вчера се закани дека ќе го „врати Либан во камената ера“ во секоја идна војна со Хезболах, јавија британските медиуми. Медиумите истакнуваат дека предупредувањето доаѓа по неколкунеделните инциденти со оваа милитантна либанска група, поддржана од Иран, долж границата меѓу двете земји.

-Не правете грешка. Ние не сакаме војна. Меѓутоа, ние сме подготвени да ги заштитиме нашите цивили, нашите војници и нашиот суверенитет, кажа израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во сериозното предупредување до Хезболах.

Слична реторика се слушаше од двете страни по последната војна меѓу Израел и либанската група во 2006 година. Меѓутоа, таа стана уште поостра по експлозијата во март годинава на подметната бомба на пат во Израел, кога за овој чин беше обвинет Хезболах, забележуваат британските медиуми.

Меѓутоа, оваа милитантна група не ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад.

Во последните недели долж силно обезбедуваната граница меѓу двете земји имаше неколку судири меѓу либански цивили, најмалку една група борци на Хезболах и израелските војници.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Вандали ги искршиле клупите на Средно Водно

Следна објава
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Жена смртно прегазена на скопската обиколница, возачот избегал