Темен режим Режим на светлина

20-годишник тешко повреден, излетал со мотоцикл од коловоз во Чешиново

Повреден мотоциклист при сообраќајка. Имено, вчера во 09.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 05.30 часот на улица „АСНОМ“ во село Чешиново, мотоцикл „Хамачи“ без регистерски таблици, управуван од 20-годишниот Н.А. од село Соколарци излетал од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Општата болница Кочани, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Левица алармира за состојбата во македонското земјоделие

Следна објава

НАТО ја гради најголемата воена база во Европа на Балканот