26 пациенти починале од вирусот, тестирани биле 714 лица – 213 се заразени

Во последните 24 часа во Македонија се направени 741 тестирања, а регистрирани се 213 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 103 случаи, Куманово 16, Штип 9, Прилеп 9, Тетово 16, Струга 4, Велес 5, Битола 2, Охрид 1, Кавадарци 19, Гостивар 9, Струмица 3, Радовиш 2, Кочани 1,Пробиштип 3, Делчево 3, Кратово 1, Свети Николе 2 и Неготино 5.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (80, 69, 89, 87, 77, 79 и 60г), тројца од Куманово (62, 72 и 80г), еден од Прилеп (70г), четири пациенти од Тетово (81, 50, 72 и 60г), еден од Струга (62г), тројца од Битола (80, 60 и 66г), еден пациент од Охрид (69г), еден од Гостивар (69г), еден од Струмица (80г), еден од Крушево (69г), еден од Виница (58г), еден од Делчево (78г) и еден пациент од Свети Николе (69г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови, се наведува во информацијата

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 632 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 365.599 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73851, бројката на оздравени пациенти е 50046, на починати е 2147, а бројот на активни случаи изнесува 21658, информира Министерството за здравство.

Претходна вестЖената што изгуби бебе и сопруг во сообраќајка кај Млечен: Немаме правна држава, сите тие се штитат меѓу себе
Следна вестШест скопски општини со повеќе од 1.000 активни случаи на вирусот, најмногу во Гази Баба