Темен режим Режим на светлина

504 санкции за брзо возење во текот на вчерашниот ден

Во текот на вчерашниот ден (28.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 504 возачи. Од нив, 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Куманово -78, а потоа на територија на СВР Штип-75.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Тешко повреден 20-годишен велосипедист во Скопје

Следна објава

Утре без струја повеќе делови на Скопје