Амбасадорот Ефремов и уште еден дипломат се враќаат во Украина да помогнат во евакуацијата

Министерството за надворешни работи испраќа дипломатска екипа во Украина-актуелниот амбасадорКрум Ефремов и уште еден искусен конзуларен работник, кои ќе ги водат процесите на терен за евакуација на нашите државјани и со нив поврзаните украински граѓани, информира МНР.

Досега околу 50 наши државјани ја имаат напуштено Украина, додека 50 се уште се на украинска територија, како и членови на нивните семејства, украински државјани. Од нив, 25 ги имаат напуштено резидентните места и во моментов се упатени низ утврдени безбедносни коридори. Нашите амбасади и конзулати од соседните земји ги преземаат сите активности за нивен безбеден трансфер назад кон земјава, велат од МНР и додаваат дека секое движење низ Украина е сериозно отежнато и се одвива по споредни рути кои се преполни, па оттука движењето е бавно.

Претходна вест104 „за“, двајца „против“ еден воздржан за потребата од Декларација за осуда на воените напади врз Украина
Следна вестПроменливо облачно време со снег на повисоките места