Пописот покажа дека во Македонија има 307.187 празни станови и 18.897 неписмени лица

Во земјава има околу 19.000 неписмени лица но и повеќе од 300.00 ненаселени станови, покажува најновиот сет на пописни податоци што ги објави Државниот завод за статистика.  Објавениот трет сет на податоците се однесува на образовните и економските карактеристики на лицата, лицата со попреченост и дел од картактеристиките на живеалиштата и становите. ДЗС, инаку, денеска ја одбележа 77-годишнината од своето постоење како институција.

-Веќе четири години немаме вработено ниту еден човек во нашиот Завод, а повеќе од 100 лица напуштија. Кој поради пензионирање кој поради тоа што нашол подобри услови за работа, подобри работни места. Ова е клучниот предизвик со кој се среќаваме, изјави денеска директорот Апостол Симовски.

Од денеска објавените податоци се гледа дека во вкупното резидентното население на возраст од 15 години и повеќе, според писменоста, регистрирани се: 18.897 лица или 1.2 отсто неписмени лица, од кои 5.517 се мажи и 13.380 се жени.

– Од вкупно 839.174 станови, 531.987 станови или 63.4 отсто се населени, а 307.187 станови или 36.6 проценти се ненаселени, наведуваат од ДЗС.

Вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе изнесува 1 525.366 лица, од кои 717.769 лица се дел од активното население, односно 608.520 лица се вработени, а 109.249 лица се невработени. Во вкупното резидентното население, бројот на издржуваните лица изнесува 450.766 лица. Бројот на лицата со попреченост изнесува 94.412 лица и тоа: 1.8 отсто на возраст од 0- до 14 години, 43.5 отсто на возраст од 15- до 64 години и 54.8 проценти на возраст од 65 и повеќе. Според видот на попреченоста, најголемо учество од 40.8 отсто или 38 499 имаат лицата со потешкотии со движењето.

-Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се: 23.192 лица или 1.5 отсто  без образование, 62.129 лица или 4.1 процент се со незавршено основно образование, 423.456 лица или 27.8 отсто се со основно образование, 672.375 лица или 44.1 процент се со средно образование, 263.349 лица или 17.3 отсто се со високо образование, 29.654 лица или 1.9 проценти се со магистратура, 6.037 лица или 0,4 отсто се со докторат, а 45.174 лица или 3.0 проценти се со непозната школска подготовка.

Претходна вестКој не верува нека го праша Бранко
Следна вестМладите во Србија од денеска добиваат помош од по 100 евра