Темен режим Режим на светлина

Стојаноска: Лик како Артан Груби, најкорумпиран во државата не може да се однесува ниту како пророк, а ниту да зборува за европски вредности

Груби приведен при влез во државата, спроведен во притвор Груби приведен при влез во државата, спроведен во притвор

Лик како Артан Груби најкорумпиран во државата не може да се однесува ниту како пророк, а ниту да зборува за европски вредности, истакна денес Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи ги ставовите на Артан Груби.

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем Артан Груби вчера изјави дека „ќе има повеќе од 80 пратеници за уставните измени“.

Стојаноска на прес-конференцијата во македонското Собрание прокоментира дека ваквата изјава на Груби е само неговиот обид за личен спас.

-Ако можам да го споредам, и ако премногу добра би била споредбата Артан Груби е едно зајдисонце кое што е во неуспешен обид ова заоѓање да му трае што подолго. И оваа негова изјава е само во насока за негов личен спас, во насока да наштети на ВМРО-ДПМНЕ со тоа што го зема во прегратка пратениците на Левица за кои што тврди дека сигурно ќе гласале против уставните измени и во насока да ја покрие корупцијата во ДУИ чиј што тој лидер е еден од првите најкорумпирани, потенцира Стојаноска.

Стојаноска додаде  рече дека Артан Груби не може да се однесува како пророк, а ниту пак да говори за европски вредности.

-Не може Артан Груби да се однесува како пророк да кажува што ќе се случува со нашите пратеници и со нашите коалициони партнери. Затоа што тука се уште се едни двајца пратеници кои што во 2018-та не попуштија би рекла и на човечки и нечовечки притисоци кои што тогаш ги имале. Така да ќе кажам дека граѓаните во Република Македонија во моментов на ваква криза најсензитивни се на зборот корупција. И лик како Артан Груби најкорумпиран во државата не може да се однесува ниту како пророк, а ниту да зборува за европски вредности, нагласи пратеничката.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

46 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, еден возел без лиценца

Следна објава

Инцидент во Мирковци: Откако го промашиле со куршум, го претепале