Арсовска: „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ пет години не пријавиле продажба на ниту еден билет

Јавен повик на кој како поедници ќе можат да се пријават приватните автобуски превозници ќе распише Градот Скопје, најави денеска скопската градоначалничка Данела Арсовска. На прес-конференцијата таа рече дека на повикот може д аучествуваат и приватни превозници кои досега возеле во рамките на двете здруженија „Макекспрес“ и „Слобода превоз“.

Арсовска ја отфрлинформацијата која вчера проструи во јавноста дека скопјани наскоро ќе ги возат автобуси сопственост на приватна фирма од соседството.

– Во Град Скопје освен што ќе возат автобусите на ЈСП, исто така Град Скопје изготви и нов јавен повик каде што на секој од досегашните поединечни превозници ќе му биде понудено директно и индивидуално да си аплицира, да си добие линија, со исполнување на условите кои ќе бидат објавени во јавниот повик и се со цел да може да се обезбеди соодветен јавен превоз, информираше Арсовска

Таа ги обвини двете приватни компании дека во изминатите 5 години од 2017 година не пријавиле продажба на ниту еден билет.

– „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ од крајот на 2017 година досега немаат пријавено во продажба ниту еден продаден билет во автобусите. Иако пријавувале дека возеле околу 400.000 километри за еден месец, и за ова пресметувале по едно евро за извозен километар кој го фактуриреле во ЈСП не пријавиле ниту една продадена карта во автобус. Наједноставно, наплаќале билети, тие пари не ги пријавувале , се ставале во нечиј џеб најверојатно, а потоа фактурирале од ЈСП по 400.000 евра. Оваа шема трае цели 5 години. Ова е сериозно затајување на данок кој не е платен за овие изминати пет години и е нешто кое што не смее во ниту еден случај да се дозволи, потенцира Аросвска.

 

 

Претходна вестКамион се преврте на Качанички пат
Следна вестEвропска агенција за животна средина: Над 238.000 Европејци починале во 2020 година како последица на загадувањето на воздухот