Објавен составот на работната група за уставни промени – власта сама ќе ги пишува амандманите

Министерството за правда денеска ги објави пристигнатите предлози од парламентарните политички партии за членови во работната група за уставните измени: Цветанка Иванова – СДСМ, Арбр Адеми – ДУИ, Ремзи Мехмеди – Алијанса за Албанците, Соња Мираковска – НСДП, Нано Ружин – ЛДП, Христа Најданов – ДОМ, Темелко Ристески – Партија на пензионерите, Раметула Куќи –ДПА, Еран Куртиш – Партија за движење на Турците и Бејџан Илјас – Демократска партија на Турците.

Од институциите се пристигнати следни предлози: Александар Спасов – Кабинет на претседателот на Република Северна Македонија, Драган Тилев – Секретаријат за европски прашања и Шпенд Садики – Министерство за надворешни работи

-Експертите што ќе бидат дел од работната група за подготовка на уставните измени ќе се соопштат до крајот на неделава, велат од Министерството.

Во соопштението се додава дека ова работно тело е формирано од Министерството за правда, кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог-иницијативата за потребата од уставните измени.

-Владата е предлагач на уставните измени. По подготвувањето на измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието. Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи, на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови, стои во соопштението од Правда.

Претходна вестНајава за нов протест на болните од цистична фиброза, лекот „трикафта“ не се набавува за сите
Следна вестСообраќајка во скопско Бардовци, повредени две лица