Темен режим Режим на светлина

Шкендија ја прекина соработката со Ферхан Хасани!

Шкендија и поранешниот македонски репрезентативец Ферхан Хасани одлучија да ја прекинат соработката, на барање на Хасани кој се одлучил да остави повеќе простор за младите во тимот.

32-годишниот Хасани доставил барање до раководните лица за раскинување на договорот на една година пред неговиот истек, во интерес на младите сили во тимот.

 

Хасани е еден од фудбалерите со најмногу трофеи во историјата на Шкендија, вкупно пет, две шампионски, две во Купот на Македонија и една во Суперкупот.

-Мислам дека е време да им се даде повеќе простор на новите генерации. Чувствувам дека немам што повеќе да понудам на терен и ценам дека моето место може да го искористи некој друг. Шкендија е дел од мојот живот и на клубот му посакувам се најдобро. Би играл уште една сезона во некоја пониска европска лига каде што обемот на работа може да се прилагоди на моите физички можности, пред конечно да ја завршам кариерата како фудбалер – истакна Хасани при разделбата со клубот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Скопјанец натепан од негов сосед во Карпош по сообраќајна расправија

Следна објава

Гостиварец прегазил пешак и побегнал, подоцна бил пронајден и приведен