Темен режим Режим на светлина

Шестмина повредени во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

Шест лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна несреќа што се случила вчера помеѓу две возила „голф“ на регионалниот пат Скопје-Тетово. Од повредените еден е со потешки повреди.

Вчера во 17.25 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на с.Сараќино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, управувано од О.Р.(20) од Тетово и патничко возило „голф“, управувано од Д.Р.(37) од Тетово, двете со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од првото возило, Н.Р.(47), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и тројца сопатници од двете возила, констатирани во Клиничката болница Тетово, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Граѓани го исвиркаа германскиот премиер Шолц, ти поттикнуваш војна, лажго си и бандит!

Следна објава

Мицкоски: Јас сум за влада на широко македонско национално единство, сега имаме власт потчинета на ДУИ