Шестмина повредени во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

Шест лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна несреќа што се случила вчера помеѓу две возила „голф“ на регионалниот пат Скопје-Тетово. Од повредените еден е со потешки повреди.

Вчера во 17.25 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на с.Сараќино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, управувано од О.Р.(20) од Тетово и патничко возило „голф“, управувано од Д.Р.(37) од Тетово, двете со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од првото возило, Н.Р.(47), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и тројца сопатници од двете возила, констатирани во Клиничката болница Тетово, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Претходна вестГраѓани го исвиркаа германскиот премиер Шолц, ти поттикнуваш војна, лажго си и бандит!
Следна вестМицкоски: Јас сум за влада на широко македонско национално единство, сега имаме власт потчинета на ДУИ