Темен режим Режим на светлина

Украина нападна мостови кои го поврзуваат Херсон со Крим

Украинските војници нападнаа мостови во близина на Чонгар, на административната граница меѓу украинската област Херсон и Крим под контрола на Москва, соопштија проруските власти. Површината на патот на мостовите е оштетена, а повредени нема, тврдат истите.

– Криминалниот режим на Киев изврши варварски гранатирања на цивилни објекти – мостови на административната граница меѓу Херсонската област и Крим кај Чонгар, напиша вршителот на должноста гувернер на Херсонската област Владимир Салдо на Телеграм.

Салдо тврди дека површината на патот на мостовите е оштетена, а повредени нема.

Тој наведе дека според прелиминарната проценка, за време на нападот биле користени британски проектили, пренесува РИА Новости.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ковачевски: Јас да се најдам на листата на САД ќе си дадам оставка и тоа ќе го сметам за најголем пораз

Следна објава

Маск и Закерберг ќе се борат во кафез