Возилото било запрено на влез во Гњилане и при проверка на задните седишта и во багажникот на автомобилот биле пронајдени 25 вреќи преработен тутун, тежок околу 250 килограми. По наредба на надлежен обвинител стоката е испратена на царински терминал за понатамошна постапка.
Косовската полиција, Регионалната дирекција на Источната гранична полиција, по спроведувањето на мерките за спречување и сузбивање на шверцот, ги интензивираа тактичко-оперативните контроли на терен, со што на патот Станчиќ-Гњилане било запрено возило „бе-ем-ве“ со косовски регистарски ознаки, за кое единиците полицијата имале сознанија дека се занимава со шверцување стока од Македонија во Косово. Наведеното возило било запрено на влез во Гњилане и при проверка на задните седишта и во багажникот на автомобилот биле пронајдени 25 вреќи преработен тутун, тежок околу 250 килограми, за кој не постоел каков било документ за потеклото, објавија косовските медиуми.
Во врска со случајот се преземени сите дејствија во соработка со косовското државно обвинителство и по наредба на надлежен обвинител стоката е испратена на царински терминал за понатамошна постапка.




