Од полноќ нови цени на горивата, одлучи Регулаторната комисија.
Малопродажната цена на бензинот Еуросупер бс-95 не се менува и ќе изнесува 87,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот Еуросупер бс-98 се зголемува за 0,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на Еуросупер бс-98 изнесува 89,50 ден/лит.
Цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Дизел горивото ќе се продава за цена од 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на изнесува 80,50 ден/лит.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



