Штрајкот на судската администрација во охридскито суд е причина за денешното одложување на рочиштето против Илија Спасески, кој е обвинет за тепање на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис“, Христијан Пендиков.
Адвокатот на обвинетиот Спасески, Димитрија Цобоски пред Судот рече дека нема процесни претпоставки за одржување на расправа и дека нема да влезе во судница туку ќе остане пред судот во знак на поддршка на судската администрација.
Застапникот на Пендиков, адвокатот Стефан Камишевски, рече дека Пендиков ќе се појавува на секое следно рочиште оти се чуствува одлично иако целосно не бил заздравен. Не му биле заздравени повредите коишто ги имаше на пршлените на грбот и на вратот. Пендиков, инаку, е запишан на факултет и се очекува да ги почне студиите на Факултетот за меѓународни односи и политика.
На следното рочиште, на 26 октомври, на обвинителна клупа ќе седне и 23-годишниот битолчанец Борче Ангелев како сообвинет за кривичното дело „нанесување на тешки телесни повреди“.
За одложувањето на судењето пак, алармираше и коалицијата „Сите за правично судење“.
Судскиот процес досега се одложи два пати досега, еднаш поради здравствени причини на обвинетиот Спасески и уште еднаш затоа што неговите адвокати го напуштија рочиштето.



