Темен режим Режим на светлина

Бектеши: Поевтинувањето на прехранбените производи се почитува во маркетите

Секое покачување на цената на горивата не смее да биде повод трговците да ги зголемуваат продажните маржи Секое покачување на цената на горивата не смее да биде повод трговците да ги зголемуваат продажните маржи

Поевтинувањето на прехранбените производи се почитува во маркетите, а од идната недела ќе има и пониски цени и на пијалаците, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши во врска со одлуката за поевтинувањето на основните прехранбени производи за најмалку 10 отсто.

-Повеќе од задоволен сум од тоа што вчера се случуваше во секторот трговија, посебно од компаниите и сите ланци маркети, но и од производителите и дистрибутерите. До денешниот ден добивме неколку писма од наши производители, генерално на минерална вода, сокови и на светло пиво, кои од наредната недела ќе почнат со намалување на цените од минимум десет отсто, намалување директно од страна на производителите. Гледаме дека одредени супермаркети ги зголемуваат платите, а тоа се пресликува и со денешната објава на Заводот за статстика, дека е зголемена просечната плата за 14,1 отсто во споредба со јули лани, изјави Бектеши по посетата на логистичкиот центар на „КАМ“ маркет во општина Илинден.

Според менаџментот на „КАМ“, пресметките се уште не се направени, но добивката, по поевтинувањето на дел од производите, секако ќе се намали.

-Ситуацијата е таква, мораме да се соочиме со тешкиот момент во државата. Ние живееме и постоиме за да ги намалиме цените, нам секоја цена која ќе ја ставиме на рафт од 99 на 100 денари ни е голем пораз. Ние и без мерките, правиме максимални напори. Има моменти кога мора да се надминеме себе си. Потребни се подолгорочни мерки во целото стопанство за да бидеме сите поефикасни, истакнаа од менаџментот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Имало загадување на Маркова река, на „Дрисла“ и се нуди спогодбено да плати казна до 120.000 евра

Следна објава

Бесплатни училишни униформи за над 7 илјади ученици од Општина Аеродром