Прво сведочење во Анкетната комисија за „Онкологија“: Екс-министерот Беким Сали барал оставка од Нино Васев

Оставка од поранешниот директор на Клиника за онкологија, Нино Васев своевремно барал екс-министерот за здравство Беким Сали. Ова денеска во сведочењето пред Анкетната комисија за случај „Онкологија“ го изјави Сали.

Сали во своето обраќање поврзано со случувањата во Клиниката за онкологија за време на неговото раководење со МЗ, како една од мерките за работењето на клиниката истакна дека побарал оставка од поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев. Причина било, како што рече, неефективното менаџирање откако не изготвил извештај за работата на клиниката кој бил побаран од него. По ова за нова в.д. директорка на Клиниката била назначена Вилоета Клисарова со којашто имал можност да соработува само кратко време поради неговата оставка од министерската позиција краток период потоа.

Прашања до поранешниот министер за здравство поставија пратениците Мартин Костовски, Гордана Силјановска Давкова, Арбен Зибери, Јованка Василевска, Тони Јаревски, Драган Ковачки, Зоран Коцевски, Александар Вељаноски, Даниела Марковска и други пратеници, кои се однесуваат на преземените мерки на МЗ за време додека Сали бил министер за здравство, набавката на лековите, начинот на терапиите, обезбедувањето на истото, надзорот на министерството во врска со случувањата во Клиниката за онкологија, комуникацијата на министерството со Владата и кои биле преземените акции за време на неговот раководење со министерството.

Претходна вестЗа вработен во МВР кој го поддржа нападот на Хамас врз Израел ќе има санкции
Следна вестПутин: Неопходно е создавањето на „независна суверена“ палестинска држава