Темен режим Режим на светлина

Повторно нова сообраќајка на булеварот „Србија“, повредено едно лице

Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Нова сообраќајна незгода во која е повредено едно лице за кусо време се случила на булеварот „Србија“ во скопската општина Аеродром. Во незгдоата што се случила на мошне прометна крстосница на булеварот „Србија“ со булеварот „Јане Сандански“ учествувале две возила со скопски регистарски ознаки Неофицијално се дознава дека е повреден возачот на едно од возилата.

На местото на настанот веднаш пристигнала екипа на Брзата помош, а повредениот е пренесен во болница.

Ова е нова сообраќајна незгода на ова сообраќајница откако кон крајот на минатиот месец се случила сообраќајна незгода на крстосница кај крстот, каде што се спојуваат булеварите „Србија“ и „Трета македонска бригада“. Тогаш се судриле три возила, од кои едното беше преполовено од силината на ударот.

Неколку дена пред тоа, кај безинската пумпа на „Лукоил“ се случила, исто така, тешка сообраќајна незгода. Тогаш, беше прегазено едно девојче кое притоа се здобило со тешки телесни повреди.

Инаку, на овој булевар сообраќајните незгоди се мошне чести. Најтешката несреќа се случила во 2018 година кога шеесет и едногодишна жена го загубила животот, а тригодишно девојче било тешко повредено откако кога во нив удрило комбе.

Во 2019 година загинал пак пешак кога бил удрен од товарно моторно возило „МАН“ со приколка со скопски регистарски ознаки.

Сето ова го поставува прашањето: дали овој прометен булевар станува една од најопасните сообраќајници во градот?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Германка и петмина други граѓани пријавиле каснување од куче скитник во Скопје

Следна објава
Голема акција во тек: Објекти во Струмица и поранешен „Охис“ под контрола на полицијата

Починат маж пронајден во напуштена куќа во Аеродром