На 7-ми октомври 2023 година Хамас го започна најсмртоносниот напад во историјата на Израел, а оттогаш десетици илјади Палестинци се убиени, Газа е во урнатини, а Блискиот Исток се лизга кон поширок, понепредвидлив конфликт. Американскиот сенатор од Мериленд, Крис Ван Холден денеска го обвини Израел за воени злосторства во Појасот Газа.
– Децата во Газа сега умираат од намерно лишување од храна. Тоа е воено злосторство. Тоа е воено злосторство од учебник. И тоа ги прави воени злосторници оние кои го оркестрираат, рече Ван Холден за време на неговиот говор во Сенатот.
Тој додаде дека американскиот претседател Џо Бајден мора да преземе мерки како одговор на настаните во Појасот Газа.
– Сега прашањето е што ќе направат САД. Што правиме? Што ќе направи претседателот Бајден? Тој мора да преземе акција, рече сенаторот, наведувајќи дека од владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху мора да се бара да дозволи повеќе хуманитарна помош да стигне до Газа.
Ван Холден рече дека ако Нетанјаху одбие, тогаш Бајден мора да престане да испраќа помош за Израел.