Темен режим Режим на светлина

Трифун Костовски промовира книга за неговата битка за стечајот на Еуростандард банка

Бизнисменот Трифун Костовски синоќа ја промовираше неговата нова книга ,,Мојот непокор”, која е претставена како збирка колумни посветени на неговата битка за стечајот на Еуростандард банка. Настанот се одржал во Музејот на македонската борба, а промотор бил професорот Венко Андоновски.

По завршувањето на промоцијата следел коктел и потпишување на книгата, и многумина од присутните објавија фотографии од настанот со пофални зборови за автобиографското дело на Костовски.

За потсетување, Трифун Костовски беше акционер и поранешен претседател на Надзорниот одбор на Еуростандард банка.

Откако во август 2020 година Народната банка ѝ ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка и побара од Основниот граѓански суд да отвори стечај, тој излезе на прес конференција и кажа дека неговото семејство има загуба од 60-70 милиони евра од пропаѓањето на банката.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Ново поскапување на горивата, во просек за 1,24 проценти

Од полноќ повторно се зголемуваат цените на горивата во Македонија

Следна објава

Амбасадорите на Османи работат против националните интереси на Македонија и покажуваат базична неписменост, велат од Левица