Пожарникарите во Виница спречиле опасно истекување на хлор во филтер станицата

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница, информира денеска Центарот за управување со кризи.

Во настанот немало повредени лица.

-Информираме за ретка, но сепак опасна ситуација при што е отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица. Конкретно, РЦУК Штип, информира дека пожарникарите од ТППЕ Виница вчера од 08:00 до 11:00 часот, имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 кг во филтер станицата. Интервенирале со две возила, четири пожарникари и четири други лица. Нема повредени лица, но на вработените во филтер станицата во Виница им е даден кислород, заради можност од вдишување на отровниот гас, соопшти ЦУК.

Во дневната инфорамција се наведува дека ималои  седум пожари на отворено во последното деноноќие. Конкретно, Регионалните ЦУК Скопје и Битола информираат за по два, РЦУК Охрид, РЦУК Штип и РЦУК Куманово за по еден изгаснат пожар на отворено.

 

Претходна вестФК Вардар: Во Тетово имаше срамни националистички испади, а македонско знаме никаде немаше
Следна вестДенеска состанок на Комисијата за заразни болести