Од „Левица“ континуирано опоменуваат дека земјоделието во Македонија посепено колабира. Преку кратки поенти тие нагласуваат кои се причините за тоа. Денеска преку Фејсбук потенцираат:
Македонија – земјата на на земјоделието неповратно ги губи обработливите површини.
Приничините за намалувањето на обработливите површини во Македонија се разновидни и од нив се издвојуваат намалениот број на земјоделци, пристапот до наводнување, и најповеќе трансформацијата на обработливото земјиште во градежно. Ова значи и драстично намалено производство, чиј откуп беше намален за 33 отсто само во првата третина од 2023 година, напишале од партијата.
Пред три дена наведоа друг проблем:
Постојано се намалува зејоделското производство и се зголемува увозот на храна.
За 10 години за увоз на храна сме потрошиле 6,7 милијарди евра, од кои 4,5 милијарди евра за време на сегашната власт. Само во 2022 година се потрошени рекордни 900 милиони евра. Истата година увозот од Албанија е зголемен за 37 отсто, додека извозот во Албанија е намален за 22 отсто, потенцираат од „Левица“.