Мобилни екипи во Кисела Вода им помагаат на граѓаните за справување со високите температури

Општина Кисела Вода заедно со Црвениот крст на Општина Кисела Вода денес го почна проектот „Топлотен бран“, кој има цел во топлите летни денови да го заштити здравјето на своите граѓани. На најфреквентните локации, парковите, автобуските постојки, мобилни екипи составени од возило на Црвениот крст, медицинско лице – доктор, волонтери на Црвениот крст, референти од урбаните и месните заедници на територијата на општина Кисела Вода, на граѓаните им укажуваат медицинска помош, совети, се делат шишиња со вода, а исто така и им се укажува помош на оние лица што имаат потреба за носење до крајната дестинација.

Екипите денес беа во населбите Расадник и Кисела Вода. Утрешниот ден е предвиден за посета на населбата и селото Драчево.

„Ова е веќе традиционален проект што Општина Кисела Вода преку секторот за Месната самоуправа и социјална заштита при Општина Кисела го спроведува заедно со општинската организација на Црвениот крст. Тој ќе се одвива во периодот јули – август 2024 година и ќе ги опфати сите месни и урбани заедници од овој дел на градот“, велат од Општина Кисела Вода.

Претходна вестСтефана Димитрова и Даријан Кочоски се невеста и зет на годинешната „Галичка свадба“
Следна вестАрсовска до градоначалникот на Бутел: Ѓубрето во општината редовно се собира