Темен режим Режим на светлина

На граничниот премин Ќафасан уапсен Албанец баран со Интерпол, се обидел влезе во земјава

53- годишник од Тирана, Албанија,  баран со Интерпол вчераутро се обидел да влезе во земјава преку граничниот премин Ќафасан. Полицијата го уапсила.

– На 13.07.2024 во 09.10  часот на Граничниот премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Г.(53) од Тирана, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека евидира со мерка ’апси’ по барање на Интерпол од Р.Грција, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Уапсениот е предаден на полициските службеници во ОВР Струга за понатамошна постапка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Србин фатен со фалсификувана лична карта на Богородица, полицијата го уапси

Следна објава
Македонската тенисерка се искачи 12 места на ВТА-ранг-листата

Ѓорческа не го освои трофејот во Рим, загуби во финалето