Темен режим Режим на светлина

Уапсени 5 лица во Тетово, МВР со детали

Насилник во Кисела Вода, пукал со пиштол во домот и ги малтретирал сопругата и трите ќерки Насилник во Кисела Вода, пукал со пиштол во домот и ги малтретирал сопругата и трите ќерки

На 08.12.2025 во 15:45 часот на ул.,,Иво Рибар Лола“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода Ѓ.С.(38) и Б.З.(19), двајцата од Тетово, за тоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 08.12.2025 во 20:00 часот на локален пат во с.Глоѓи, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишија од слобода А.Ф.(24) од с.Теарце, тетовце. При контрола на патничко возило ,,опел“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, и при преглед над него, пронајдена и одземена е марихуана. А.Ф. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 08.12.2025 во 19:20 часот на регионален пат Тетово-Скопје, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода М.И.(25) од с.Палатица затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Русија во голем напад над Украина: со 400 дронови и 40 ракети гаѓани енергетски објекти

Енергетска криза во Украина: Киев меѓу најпогодените градови

Следна објава

Се урна руски воен транспортен авион, сите патници загинале