Темен режим Режим на светлина

Меѓународен собир во Брисел за миграцијата, учествува и Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Брисел учествува на Меѓународната конференција на Глобалната алијанса за борба против шверцот со мигранти, на која присуствуваат високи владини и европски претставници.

На конференцијата се разгледуваат клучните трендови во нерегуларната миграција и шверцот со мигранти, со фокус на начинот на дејствување на организираните криминални мрежи, вклучително и организирањето нерегуларна миграција по воздушен пат.

Учесниците дискутираат за стратегии за поефикасно справување со овие појави преку зајакната оперативна и судска соработка, подобрена размена на информации и поврзување на глобалните, регионалните и тематските иницијативи.

Во рамки на собирот се одржуваат три тематски сесии посветени на превенцијата, одговорот и алтернативите на нерегуларната миграција, со цел идентификување добри практики и унапредување на соработката.

Свои обраќања имаат претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер, а меѓу учесниците се и бројни министри, европски комесари и претставници на Фронтекс, Европол и меѓународни организации од Европа, Африка, Азија и Централна Америка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пенал во завршницата му донесе победа на Ливерпул над Интер

Следна објава
Прекин на водоснабдување на „Ленинова“, се чека санирање

Повеќе населени места во Скопје денес без вода поради дефект на водоводот