Темен режим Режим на светлина

„Сејф сити“ одложен за февруари, но друг „сејф сити“ без одлагање треба да ги гони разбојниците низ Скопје

За една недела „Сејф Сити” изрекол скоро 5.000 казни, а истолерирани се над 22.000 возења над дозволеното За една недела „Сејф Сити” изрекол скоро 5.000 казни, а истолерирани се над 22.000 возења над дозволеното

Добро. Но не треба да се одложува една друга полициска работа – сузбивање на честите разбојништва по улиците на Скопје. Разбојниците низ главниот град стануваат се подрски, а при тоа неретко користат и сила, па и оружје.

Неодамна петмина насилници нападнаа и ограбија 15-годишно момче во Центар. Разбојниците го пресретнале малолетникот, едниот му се заканил со остар предмет и му одзел пари и мобилен телефон, а друг од нив физички го нападнал.

Свеж е и слушајот кога двајца насилници нападнале спроти трговски центар едно лице и откако го натепале го ограбиле одземајки му 8.800 денари.

Има многу вакви примери. Кога ова ќе го снема од улиците, тогаш може да се каже дека функционира „Сејф сити”, оти нели тоа е „Безбеден Град”. А за тоа освен камери по улиците треба да има и повеќе полиција која ќе делува превентивно кон насилните разбојници.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

14 здравствени установи под лупа на ФЗО поради сериозни неправилности

Следна објава
Трамп ја повика Куба на договор со Вашингтон

Трамп потврди: Двете земји вечерва ставаат точка на судирите