Темен режим Режим на светлина

Апелациониот суд пресуди во корист на Мицкоски, СДСМ осудена за клевета

Мицкоски вели дека Владата ги исполнила своите обврски, а денешните протест на ССМ се со политичка заднина Мицкоски вели дека Владата ги исполнила своите обврски, а денешните протест на ССМ се со политичка заднина

Во политиката постојат партии што се натпреваруваат со идеи и визија и партии што опстануваат преку клевети и лаги, а СДСМ одамна го избра вториот пат, објави на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски. Тој информира дека Апелациониот суд со правосилна пресуда утврдил дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети против него, без докази и без основа.

Според Мицкоски, со оваа одлука, по потврдената првостепена пресуда, СДСМ и формално е судски утврдена како партија што клеветела. Тој посочува дека она што со години било претставувано како „политичка борба“, денес официјално е констатирано како недозволено и спротивно на принципите на правната држава.

„Пресудата јасно го разоткрива нивниот политички модел – наместо аргументи, напади; наместо програми, дискредитации; наместо одговорност, лаги пласирани во јавноста со цел нанесување штета. Политичката критика е легитимна и потребна, но клеветата и лагата не се политика, туку злоупотреба на јавниот простор. Македонија мора да оди напред со политика заснована на вистина, идеи и одговорност, а не на фабрикации и лични напади“, порача Мицкоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
26-годишник од Зелениково бил нападнат од двајца малолетници со тврд предмет

Лихварство вредно 167.000 денари: Кривична пријава против двајца од Кавадарци

Следна објава

Чуму ревизорски извештај, ако потоа нема санкција и корекција