Темен режим Режим на светлина

Кели Озборн на мета на критики поради изгледот: „Не ме дехуманизирајте“

Кели Озборн на мета на критики поради изгледот: „Не ме дехуманизирајте“ Кели Озборн на мета на критики поради изгледот: „Не ме дехуманизирајте“

Кели Озборн се најде во центарот на вниманието по појавувањето на доделувањето на Brit Awards во Лондон, каде што присуствуваше заедно со својата мајка Шерон, по повод постхумното признание за Ози Озборн. 41-годишната пејачка и ријалити ѕвезда се појави видливо ослабена, што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Дел од коментарите сугерираа дека претерала со лекот Оземпик, кој последниве години често се споменува во контекст на брзо слабеење.

По лавината критики за нејзиниот „испиен“ изглед, Кели се огласи на Инстаграм, испраќајќи директна порака до оние што ја осудуваат.

„Постои посебен вид на суровост кога повредувате некого што очигледно минува низ нешто. Ме клоцате додека сум падната и ја претворате мојата болка во озборување. Нема да дозволам да бидам дехуманизирана на таков начин“, напиша таа.

Озборн истакна дека моментално поминува низ тежок животен период и дека нејзината трансформација нема врска со Оземпик, туку со личната болка и тагата по загубата на својот татко.

Нејзиниот изглед веќе извесно време е предмет на јавни коментари, но овојпат реакцијата беше поинтензивна. Случајот повторно го отвори прашањето за границите на јавната критика и за притисокот што го носи славата во ерата на социјалните мрежи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Бесплатни 10GB роаминг интернет за Телеком корисниците на Блискиот Исток

Бесплатни 10GB роаминг интернет за Телеком корисниците на Блискиот Исток

Следна објава
Лажни закани за бомби ја прекинувале наставата во Тетово, приведено едно лице

Почина 10-годишно дете по пад од тераса во Тетово, родителите за трагедијата биле известени од соседот