Темно Режим Светло Режим

Бесплатни 10GB роаминг интернет за Телеком корисниците на Блискиот Исток

Бесплатни 10GB роаминг интернет за Телеком корисниците на Блискиот Исток Бесплатни 10GB роаминг интернет за Телеком корисниците на Блискиот Исток

Од вчера, сите корисници на Телеком кои престојуваат во земјите од Блискиот Исток – Израел, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија – добиваат бесплатен роаминг пакет од 10GB интернет.

Пакетот е со важност од седум дена, односно заклучно со 9 март 2026 година, и овозможува користење мобилен интернет без дополнителни трошоци за роаминг сообраќај.

Со оваа мерка, корисниците ќе можат непречено да останат во контакт со семејството и пријателите, како и да пристапуваат до информации и дигитални услуги додека престојуваат во овие земји.

Од компанијата посочуваат дека иницијативата има цел да обезбеди сигурна и достапна комуникација во периоди кога тоа е од особено значење.

Претходниот Пост
Саем на мебел 2026: Пет дена дизајн, трендови и идеи за современо живеење

Саем на мебел 2026: Пет дена дизајн, трендови и идеи за современо живеење

Следниот Пост
Кели Озборн на мета на критики поради изгледот: „Не ме дехуманизирајте“

Кели Озборн на мета на критики поради изгледот: „Не ме дехуманизирајте“