Темен режим Режим на светлина

Потврдено по вештачење: Македонската марихуана, запленета во Србија е наркотична

Потврдено по вештачење: марихуаната од Србија е наркотична Потврдено по вештачење: марихуаната од Србија е наркотична

Вештачењето на запленетата марихуана во Србија покажа дека станува збор за наркотична дрога, откако било утврдено дека нивото на ТХЦ ги надминува законски дозволените граници.

Според првичните информации, анализите покажале дека процентот на тетрахидроканабинол е повисок од 0,3 проценти, што според важечките прописи ја класифицира супстанцијата како наркотик.

Случајот се однесува на околу пет тони марихуана пронајдени на имот во селото Коњух, во близина на Крушевац. Дрогата била запленета кон крајот на јануари, на имот поврзан со Раде Спасојевиќ.

Марихуаната била откриена во рамки на објекти на компанијата „Флораком“, која официјално се занимава со земјоделско производство. Според достапните податоци, Спасојевиќ е сопственик на фирмата, но и активен во локалниот јавен живот.

Дополнително, тој се поврзува со Српска напредна партија, како член на советничка група и учесник на партиски настани.

Надлежните институции продолжуваат со истрагата за случајот, а по целосното документирање се очекуваат и конкретни правни постапки.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Штипјанец возел 105 км на час во населено место: Полициските пресретнувачи на терен

Штипјанец возел 105 км на час во населено место: Полициските пресретнувачи на терен

Следна објава
Советниците на Левица во Аеродром и Кисела Вода со предлог иницијативи за цементарницата „Титан Усје“

Мицкоски ги остави граѓаните сами да се снајдат за преживување, обвинија од Левица