Општина Ѓорче Петров обезбеди просторни и технички услови за реализација на наставата на ученици со попреченост во Основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремец“.
Ова е една од првите вакви практики на локално ниво во Македонија, со која се унапредуваат условите за инклузивно образование.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека оваа иницијатива е јасен показател дека инклузијата не треба да остане само декларативна, туку да се преточи во конкретни услови и поддршка на терен.
Од Општината најавуваат дека ќе продолжат со активности насочени кон унапредување на инклузивните политики и создавање услови за квалитетно образование за сите ученици.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





