Со транспаренти: „Долу!“, „Отстапи му пат на мирот“, „Наркокартелот ги таргетира децата, семејството, достоинството на албанската нација“, повеќе илјади граѓани вечерва се собраа во центарот на Тирана на протест за да го искажат своето незадоволство од владеењето на премиерот Еди Рама кој е на чело на државата од 2013 година.
Протестот го организираше опозицијата предводена од Сали Бериша и неговата Демократска партија на Албанија, а централното подрачје на Тирана беше блокирано и е под силно полициско обезбедување.
Во своите говори, претставници на партијата обвинија за корупција во Владата, поради што бараат оставка на Рама. Во последните месеци во Албанија вакви протести ескалираа, и обично завршуваа со пресметки меѓу демонстрантите и полицијата.





