Темен режим Режим на светлина

Марта Кос порача: Во ЕУ има место за земјите од Западен Балкан, проширувањето на ЕУ останува приоритет

Ново сослушување на еврокомесарката Марта Кос за нејзината соработка со поранешната југословенска УДБА Ново сослушување на еврокомесарката Марта Кос за нејзината соработка со поранешната југословенска УДБА

Имам јасна порака, во Европската Унија има место за сите земји од Западен Балкан, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос, при пристигнувањето на состанокот на Советот на ЕУ за надворешни работи во Брисел и повтори дека проширувањето е приоритет за Европската Унија, но дека неговиот успех зависи од спроведените реформи во земјите кандидати.

– Ако нашите кандидати имаат резултати, ќе ги имаме и ние. Ние веќе ги имаме. Првпат по 17 години формиравме работна група за пристапување на нова земја, а тоа е Црна Гора. Покрај тоа, последниот „Евробарометар“ покажа навистина голема определеност на луѓето во Црна Гора да станат членка на ЕУ – нагласи еврокомесарката за проширување.

Марта Кос додаде и дека ЕУ има „видливи резултати“ кога станува збор за постепената интеграција, наведувајќи го како пример приклучувањето на Србија кон системот СЕПА, со што таа им се придружи на Албанија, Македонија и Црна Гора, а за спроведувањето на Планот за раст рече дека „оди добро“ и најави исплата на околу 100 милиони евра од тој фонд за Албанија и за Црна Гора.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Општина Аеродром удри казна од 20.000 евра за дива депонија

Општина Аеродром удри казна од 20.000 евра за дива депонија

Следна објава
Јужна Кореа размислува повторно да купува руска сирова нафта

Застојот во преговорите се интензивира, цените на нафтата повторно растат