Германија повлече од продажба замрзнато овошје од Србија поради вирусот на хепатитис А, објави веб-страницата на Европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна.
Како што е наведено, станува збор за замрзната мешавина од бобинки, а српското министерството за земјоделство соопшти дека пратката била произведена од компанијата „Фриго-Паун“ од Пожега.
Хепатитисот А често предизвикува симптоми слични на грип, жолтица, гадење и болки во стомакот, но ретко доведува до хронична болест или трајно оштетување на црниот дроб.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




