Во тешка здравствена состојба по пет убодни рани од нож е скопјанец кој синоќа бил донесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во центарот на Скопје. Полицијата соопшти дека се работи за 31-годишниот Е.Ј. од Скопје кој бил во неконтактибилна состојба.
-Дежурниот доктор констатирал дека повредениот се здобил со пет убодни рани во пределот на стомакот. Според добиените информации, Е.Ј. бил повреден во угостителски објект на ул.„Џон Кенеди“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.