Темен режим Режим на светлина

Се преврте возило кај Пештани, возачот е повреден

Вчера во 19.30 часот на регионалниот пат Св.Наум – Охрид, на излезот од с.Пештани, патничко возило „опел астра“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.С.(31) од Охрид, изгубило контрола и се превртело.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Охрид.

Увид извршила екипа од СВР Охрид.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мотоциклист повреден во сообраќајка во Скопје

Следна објава

Нелегална сеча на дрва во Националниот парк Пелистер