Физички напад и уништување на имот на сосетката е причина за приведување на едно лице од страна на полициските службеници од ПС Бит Пазар.
–На 23.08.2020 во 22.25 часот, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода Т.С. поради тоа што физички ја нападнал соседката Ф.К.(75) и со тврд предмет и скршил прозорци од куќата, се наведува во инфорамцијата.
Тој бил приведен и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.