На кој датум ќе се соопшти датумот на почетокот на учебната година?

Иако до официјален почеток на учебната година останаа само шест дена учениците и родителите се уште немаат официјална потврда од надлежните образовни органи дали таа ќе започне вообичаено на 1 септември или ќе се одложи. Од Министерството за образование нема никакви нови информации за стартот на учебната иако се поизвесно станува дека таа ќе се одложи.

Министерот за образование Арбер Адеми неодамна само соопшти дека се планираат комбинирани видови на наставата – со непосредно присуство за ученици до трето одделение во основното образование и онлајн за други ученици. Но, дозволена е и можноста наставата, таму каде што ќе се искаже можноста, наствата да биде комбинирана – онлајн и со непосредно присуство зависно од можностите на училиштето и желбата на родителите и на учениците.

Во прилог на одложувањето на почетокот на учебната година оди фактот што деновиве се врши анкетирање на родителите за тоа дали ќе прифатат нивното дете да посетува онлајн настава или настава со физичко присуство.

-Со овој анкетен лист треба да се изјасните дали сте соласни или не сте согласни вашето дете да посетува настава со физичко присуство во училница, согласно капацитетот на училиштето, според планот и протоколите на Министерството за здравство и Министерството за образование и наука, стои во дописот до родителите.

Состојбите ги компликува и најавениот протест на средношколците закажан за в понеделник. Тие бараат да има комбиниран модел на наставата во средните училишта – со непосредно присуство и онлјан.

Како и да е, време е датумот на почетокот на учебната година да биде соопштен. Во дел од земјите во регионот веќе е поместен почетокот на учебната година. Вака, се доаѓа во стуација на чекањето на датумот на кој ќе биде соопштен датумот за почетокот на учебната година…

Претходна вестТри лица повредени во сообраќајка на „Партизанска“
Следна вестЗошто не постават 60 потпретседатели на парламентот?